TERMOSTOP/ТЕРМОСТОП/16LIT
TERMOSTOP/ТЕРМОСТОП/16LIT
- Шифра : termostop 16lit
- Достапност : Има на залихи
-
6,200.00 ден.
- ДДВ:6,200.00 ден.
TERMOSTOP - TERMOTECNA IZOLACIJA 16lit
ТЕРМО ТЕЧНА ИЗОЛАЦИЈА
ИНОВАЦИЈА ПО НАНО ТЕХНОЛОГИЈА
Еколошка на водена основа
Боја – Бела со можност за тонирање или фарбање
Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн.
Заштедува најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија.
Термо Стоп е термо премаз на водена основа, која се состои од исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура, кои го прават овој материјал лесен и еластичен. Главна карактеристика на овој материјал е неговото извонредно <термоизолационо својство, со дебелина од 2мм како и одличен звучен изолатор. Изолацијата се добива како резултат на рефлектирачката особина на овој премаз. После премачкување на површината, таа рефлектира, што значи дека во зима топлите зраци од грејните тела нема да поминуваат низ ѕидовите, а во лето обратно.
Каде се користи?
Термо Стоп е идеално решение за изолација која не зафаќа простор и има широка примена за термо изолација на места како станови -од внатрешна страна, купатила, високи површини, цевки, столбови, бетонски греди, ладни мостови, тешко достапни места...
Дали помага за мувла?
Да помага доколку влагата е од кондезација. Како? Мувлата е производ на долготрајна влага. Влагата може да биде од некое надворешно протекување или од кондезација. Кондезацијата се јавува кога има температурна разлика повеќе од 15C помеѓу воздухот и површината. Со премачкување од Термо-Стоп, површината повеќе не е ладна, а со тоа и кондезацијата ја нема.
Со тоа, премачканите површини се трајно заштитени од појава на мувла и габи. За да има ефект се премачкува цел ѕид или цела површина, а не само просторот каде имало мувла.
Како се нанесува Термо Стоп?
Термо Стоп е густа течност и може да се нанесе со валјак, четка, или глетареца. Исто така може да се нанесе со компресор. Се нанесува во три слоја, секој слој се нанесува откако е сув на допир. Пред да се нанесе, не се потребни грундови, туку само да се исчисти површината и да се отстранат лабилни делови.
Дали е штетен по здравјето?
Не, Термо-Стоп е произведен на водена база и е сосем безопасен. Може да се користи дури и за пчелни сандаци, а пчелите се најостеливи на хемикалии. Премазот ги задоволува сите еколошки и здравствени стандарди.
Трајно решене за мувлата?
Потрошувачка 1л / м2 за три слоја.

